ПРЕДГОВОР
Долго време се премислував дали воопшто дали да го напишам овој пост.Овој пат немам намера да ги коментирам состојките,ниту пак мирисните сензации што овој парфем ги предизвика кај мене.Едноставно,сакав само со вас да ги споделам емоциите што во два настани независни еден од друг ги доживеав држејќи го во раце,спремна веќе подолго време со него да ја збогатам мојата колекција.
Ситуација прва
16 октомври,2007-околу 10ч.,,Светот мој,минус тебе во него,она што ќе остане малку е...,,однекаде допираше до мене ангелскиот глас на Тоше.Одеднаш ,молк.Траурен глас на радио ја објави ненадејната вест...Шок,неверица...Го оставив парфемов,истрчав надвор.
Ситуација втора
Година и пол потоа.,,Интуишн ,,пак во моите раце.Звона мобилниот.Трпки ми поминаа низ телото.Глас од другата страна.Грч...Заминав
КРАЈ
Повеќе никогаш.За жал.Не ни било судено
09/04/09 13:39:29